
Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок за МИА изјави дека не гледа пречка веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија.
-Земјата нема дополнителни услови, рече тој.
Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.