Македонија е втора по смртност од Ковид-19 на Балканот

Според статистиката што ја води секоја држава одделно на Балканот во врска со Коронавирусот, односно бројот на починатите и заразените од оваа пандемија, Македонија е втора по смртност од Ковид-19 на Балканот на еден милион жители. Македонија со осуммина починати е зад Словенија со 11 жртви на Ковид-19.

Земји кои се многу поголеми од Македонија, како Турција (6) и Грција (7), се со помала стапка на смртност, но и Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Бугарија.

Во однос на заразените лица на еден милион жители нашата земја е на петата позиција со 232-ца заразени.

Погледнете ја статистиката на починати и заразени од коронавирусот на Балканот.

Починати на 1 милион жители:

Словенија 11

Македонија 8

Грција 7

Турција 6

БиХ 6

Албанија 6

Србија 5

Хрватска 3

Црна Гора 3

Бугарија 2

Заразени на 1 милион жители:

Словенија 470

Црна Гора 320

Турција 284

Хрватска 274

Македонија 232

БиХ 190

Србија 186

Грција 161

Албанија 116

Бугарија 72