
Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и починати лица од коронавирусот.
Меѓу земјите од регионот, само Словенија има поцрни бројки, согласно последните бројки од вчерашниот ден.
По број на починати лица од коронавирус на еден милион жители, Македонија бележи 23 случаи, а Словенија 29. Сите останати земји имаат помал црн биланс од нашиот.
Во Турција регистристрирани се 19 смртни случаи на 1 милион жители, во Босна и Херцеговина 13, Србија – 12, Грција – 10.
Албанија и Хрватска е земји со 9 смртни случаи од Ковид-19 на милион жители, а Црна Гора и Бугарија со по шест.
Заразени лица на 1 милион жители
Турција 880
Словенија 610
Србија 609
Македонија 519
Црна Гора 482
Хрватска 436
БиХ 356
Грција 212
Албанија 180
Бугарија 119
Тестови на 1 милион жители
Словенија 18344
Црна Гора 6168
Турција 6144
Македонија 5002
Хрватска 4910
Грција 4871
БиХ 4494
Србија 3373
Бугарија 2663
Албанија 1677