
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за весникот Фокус потенцира дека е неодговорно да се крие документ од Бугарија во кој се условува напредокот кон ЕУ со откажување од јазикот и историјата.
-Мислам дека вистински хермафродитска политика е да го смените името на државата додека се колнете во најмилото, жицата, децата. Лицемерно и жално е кога ќе велите таа смена е последниот напор за да влеземе во ЕУ, а еве по три години власт нема датум за преговори. Хермафродитски е и неодговорно е да криете документ од Бугарија во кој се условува напредокот кон ЕУ со откажување од јазикот и историјата. Е сето ова не само што е хермафродитски, туку е правење уште еден чекор кон втората фаза на креирање некаква нова идентитетски изобличена нација со ново име, нов јазик и историја. Откажувањето од историјата е откажување од себе си, вели Мицкоски во интервјуто дадено за Фокус.