Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес од 4,78 степени според Рихтер е регистриран денеска во 17:21 часот Албанија, а поради близината со нашата земја почувствуван е и во делови од Македонија.

Земјотресот е со епицентар во градот Драч, а бил на длабочина од 6 км. Засега нема информации за материјална штета.

Инаку, и пред околу недела дена земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала исто така го погоди албанскиот град Корча, кој се наоѓа непосредно до границата со Македонија.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел од нашата земја, односно во охридскиот, преспанскиот и пелагонискиот крај.

Инаку овој земјотрес беше четврти во последните 24 часа во тоа подрачје, но последниот беше најсилен од сите потогашни, но овој денешниов по јачинаа ги надмина сите претходни.