
Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј што негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европски вредности, напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на својот Фејсбук профил.
„Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кои што за власт, пари и тендери е подготвен за трговија.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и Македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Заев, без суштинска работа и резултати, ги зголемува апетитите на оние кои што имаат поинакви интереси од националните и државните интереси на Македонија.
Зоран Заев треба да понесе одговорност што повторно ги доведува европските интеграции во ќорсокак, овој пат во услови на тешка социјална , здравствена и економска криза.
Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми“, истакнува Стоилковски.
*Фото за споредба: лагите и недоветноста на мафијата
