
Изложбата на фотографии „Фото-белешки од Норвешка“ на Драган Тодоровски на 15 октомври ќе биде отворена во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Следниот викенд авторот ќе одржи и фото-работилница со дискусија за изложбата.
Драган Тодоровски е врвен фотограф со дарба и дипломат од кариера, констатира амбасадорот Пајо Авировиќ, со додавка дека тој е и патник-намерник, кој низ објективот на својот апарат на луѓето од една малечка земја на југот им ги приближува огромните простори, луѓето и природата од далечниот север на Европа.