13.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Мицкоски: Нема странски инвестиции, ама има 46.000 новоневработени

Во месец јули на дебатата во МТВ, Зоран Заев со поглед кон камерите, т.е во очите на граѓаните најави 5 нови странски инвестиции коишто требаше да се случат најкасно во септември. Вети и излажа, пишува на својот Фејсбук профил, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Денес сме месец ноември. Нема ниту една странска инвестициja. Ја нема ниту IKEA, исто како што ги нема и Google и Facebook.

Додека соседните земји имаат мултимилионски инвестиции, Македонија останува црна дупка на картата на странските инвеститори. Нема странски инвестиции, ама има:
за 7 месеци 46 илјади новоневработени;
по 1000 новозаразени дневно од #COVID;
по 20 луѓе кои умираат поради неспособната Влада;
долг од 2 милијарди евра;
со нови 4 илјади евра е задолжено секое семејство“, напиша Мицкоски.