Во најновиот нацрт-заклучок, во кој новинари од Радио Слободна Европа имале увид, содржел компромис, кој, како што најавуваат дипломатски извори, ги задоволува барањата на Бугарија, со што е одблокиран процесот на донесување заклучоци.
Во крајните заклучоци, Бугарија за Северна Македонија бараше да биде внесен пасус од јули 2018 година кој би гласел: „ова треба да им стави крај на сите барања базирани на погрешна интерпретација на историјата“.
Во најновиот нацрт заклучок, во кој РСЕ има увид, стои компромисна дефиниција, која како што велат дипломатските извори, ги задоволува бугарските барања со што е одблокиран процесот на донесување заклучоци.
„Изјави и работи кои негативно влијаат на добрососедските односи мора да се одбегнуваат. Советот на ЕУ потсетува на Договорот од Преспа меѓу Република Северна Македонија и Грција, како и на Договорот за добрососедски односи и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната примена. Овие два чекора треба ефективно да стават крај на сите тврдења засновани на погрешна интепретација на историјата,“ стои во нацрт заклучокот, кој го пренесува Радио Слободна Европа.
Со овие заклучоци Советот на ЕУ повторно ќе ја потврди својата посветеност на проширувањето на европското семејство кое се смета дека ќе остане клучна политика на европскиот блок, но од земјите од Западен Балкан се бара да вложат дополнителни напори во клучните реформи, посебно во оние кои се повразни со владеење на правото, стои во објавата на РСЕ.