Македонците ќе може да патуваат без ПЦР тестови во Косово, кои утрово ги бараа

Maкедонските граѓани без ПЦР тестови ќе патуваат во Косово.

„Странските државјани кои влегуваат во Косово, вклучувајќи ги и оние кои имаат дозвола за привремен или постојан престој во Косово, кои доаѓаат од високо-ризичните земји според официјалната листа на ЕЦДЦ, треба да имаат негативен ПЦР-тест за Ковид направен во последните 72 часа“, велат од МВР на Косово.

Денеска наутро во МВР стигнало известување од Владата на Косово дека државјаните на Северна Македонија треба да поседуваат ПЦР тест за да влезат во таа земја. Меѓутоа, неколку часа подоцна, косовската влада информирала дека се повлекла од одлуката.

Но, според пишувањата на нашите граѓани на Фејсбук од нашето МНР абер немале дека Косово бара негативни ПЦР тетсови, туку ги убедувале оти не е потребен тест. Граѓаните им соопштиле на задложените од МНР дека Косово бара ПЦР тестови, на што изрегаирале: „Ставрно“!

Косовската Влада вчера донесе одлука со која ги задолжува граѓаните од државите коишто се меѓу земјите со „висок ризик“, да имаат ПЦР тестови не постари од 72 часа пред нивното влегување во Косово.

Во Косово од денеска се воведени нови рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат и полициски час од 20 часот до 5 часот наутро. Подавниците, трговските центри, хотелите, рестораните и баровите ќе можат да работат до 20 часот.

Во Србија можеме да патуваме со ПЦР тест, а во Грција засега нема да можеме да патуваме.