По смената на името земјата ништо не доби од попустливите политики на Заев

Еднаш кога пандорината кутија кога ќе ја подотворите, секој веќе нареден ќе сака уште малку да ја подотвори на ваша сметка, и тоа се случува. Ние постојано губиме и ништо не добиваме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во емијисијата „Што не е јасно„ на Алфа ТВ.

Мицкоски додаде дека во овие 4 години СДСМ и Заев ништо не направија, потенцирајќи дека иако го сменија имаето на државата, од ваквите политики на Заев Македонија ништо не доби.

„Еве што добивме ние? Еве нека си го постави некој прашањето 4 години што добивме ние? Слушав изјави од 2008 година на Шеќеринска, од 2009 на Заев и така натаму и на други политичари на СДСМ кога ветуваа прием во НАТО и почнување на преговори без промена на уставното име. Што се случува во меѓувреме, ние 4 години имаме реално СДСМ и Зоран Заев, какви такви, не битно, насилна, талибанска, мафијашка, ете таа е власта. И тие што не се купени гласови, кои што природно гласале за СДСМ, еве ја одбрале таа власт. Но, што добивме ние, порасна ли економијата, започнавме преговори, први набавивме вакцини, имаме некој супер напредок во образованието, имаме странски инвестиции, имаме невработеност, среќни пензионери, млади кои што остануваат тука и иселеници кои што се враќаат? Не, немаме. Трите проекта кои што ги најави, првиот проект е легализација на марихуана, вториот проект е легализација на црни пари и третиот проект не знам што беше таму, се мафијашки или полумафијашки политики. Затоа ли ги гласаа, праша Мицкоски.