
Српскиот портал Курир вчера ја пласираше информацијата дека Роберт Просинечки ќе биде новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација и дека тој ќе ја води екипата на Европското првенство.
ФФМ веднаш ги негираше тие гласини, а сега тоа го направи и хрватскиот стратег кој вели дека првпат слуша за такво нешто.
– Првпат слушам за такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од Фудбалската федерација на Македонија. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема – вели Просинечки за „Спортске новости“.