Ангеловски ќе ја води Македонија и на Eвропскoто првенства во фудбал!

Игор Ангеловски ќе продолжи таму каде што застана со историскиот пласман на големите натпреварувања и ќе ја води Македонија и во дебито на Европското првенство претстојното лето!

Тој денеска се сретна со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, кој на популарниот Мрме му понуди продолжување на договорот до крајот на ЕП за месечна плата од 7.500 евра, плус бонуси за секој успех на првенството.

Со оглед на тоа дека самиот Ангеловски пред да седне на маса со Сејдини нагласи дека не му се важни условите, туку да седи на селекторската клупа на ЕП, деновиве се очекува и потпис на продолжувањето на соработката.

Тоа, пак, подразбира дека тој ќе раководи со Стручниот штаб најпрвин на стартот од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар на 25 март против Романија во Букурешт, три дена подоцна дома со Лихтенштајн и на 31 март против Германија во Дуизбург.

На еврошампионатот „црвено-жолтите“ ќе стартуваат на 13 јуни против Австрија во Букурешт, каде што четири дена подоцна ќе играат и со Украина, а настапот во групата ќе го завршат на 21 јуни против Холандија во Амстердам.