
Светската ракометна федерација ја потврди информацијата на Чешката федерација дека се откажуваат од Мундијалот и дека замената ќе биде Македонија.
Нашата селекција го продолжува континуитетот на учества на големи натпреварувања, а ова ќе биде седмо, односно петто по ред.
Чешка се откажа од настапот на првенството поради 17 позитивни тестови, на играчи и на стручниот штаб.
Македонија е во групата Г заедно со домаќинот Египет, Шведска и Чиле. Светското првенство ќе се игра од 13 до 31 јануари во Египет.