
Власта подготвувала петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, а стопанствениците очекуваат средба, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери“, посочува Мицкоски во кусата реакција на социјалните мрежи.
Опозицискиот челник потсетува притоа дека подоцна годинава треба да се одржат локалните избори, и ги повторува обвинувањата од ланските предвемени парламентарни избори дека претходните пакети мерки за помош во коронакризата биле смислени за поткуп на гласачите.
„Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира“, додава Мицкоски.