7.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Македонија поразена од Белорусија на последниот меч на Мундијалот во Египет

Пораз од Белорусија од 30-26 во последниот натпревар на македонската ракометна репрезентација на Светскиот шампионат во Египет.

Избраниците на Брестовац попладнево до 40 минута беа рамноправен противник со солидната селекција на Белорусија: Во првото полувреме кое заврши со 14-14 одбраната беше на посакуваното ниво , слично игравме и во воведните 10 минути од вториот дел по што падна играта на црвено жолтите на двете страни од теренот. Следуваа девет минути со еден постигнат и дури девет примени гола, по што Белорусија го најави конечниот епилог на мечот.

Капитенот Кире Лазаров со 7 голови беше нашиот најефикасен ракометар на средбата, а Пешевски постигна.

Седмото учество на Светските шампионати репрезентацијата на Македонија го заврши со најслаб пласман на Мндијалите под 21 место и со епило од пет убедливи порази и само еден триумф над Чиле во првата фаза од шампионатот.