
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара оставка од Владата по објавените резултати од извештајот на Транспаренси Интернешнел од индексот за перцепција на корупцијата каде што земјава се најде на 111 место со пад од 5 места во однос на лани.
Во продолжение неговата објава на Фејсбук:
„Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам.
Според Транспарентност Интeрнационал по степенот на корупција на историски најлошото 111-то место. Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години.
По ваков резултат, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш.
Заедно да се избориме за нашата иднина, а после одговорност за целиот срам и криминал што го донесоа“.