
На учениците и студентите од Македонија, од Грција, од Турција, од Србија и од Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе нема да им биде потребен негативен тест на коронавирус.
Истото важи и за студентите коишто живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.
Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.