
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи преку социјалните мрежи.
-Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;
-Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;
-3364 наши сограѓани ги загубија животите поради корона;
-Имаме жестока здравствена криза и полициски час.
Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор.
Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење.
Дезертери и криминалци ја водат земјата, напиша Мицкоски на Фејсбук.