
Заев со покачување на даноците директно удира по џебот на народот. Во време на корона ќе страдаат најсиромашните, но и сите други. Се задолжија милијарди, а сега народот треба да ја плаќа нивната неспособност и криминалии, реагира преску социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако вчера министерот за финансии Фатмир Бесими најави зголемување на даноците.
Ова е план на Заев и Бесими да му ја одерат кожата на народот. Одете си, секој ден поминат во тие фотелји е на штета на државата и народот, пишува во својата реакција Мицкоски.