Фон Дер Лајен: „АстраЗенека“ не може да извезува пред да ги исполни договорите со земјте во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека АстраЗенека повеќе не може да извезува вакцини против Ковид-19 од Европа во други региони сè додека не ги исполни своите договори со Европската унија.

-Мислам дека на „АстраЗенека“ и е јасно дека мора да го испочитува договорот што го има со земјите-членки на ЕУ пред да почне повторно да извезува вакцини – рече Фон Дер Лајен по состанокот на Европскиот совет.

Таа нагласи дека обврска на ЕУ е да им покаже на своите граѓани дека и тие ќе го добијат својот фер удел во дистрибуцијата на вакцините и оти затоа компаниите се должни да ги почитуваат нивните договори со ЕУ пред да извезуваат во други региони.