
– Нашето вклучување во изградбата на терминалот Александруполи во Грција ќе создаде можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа ќе се дистрибури и пошироко во регионот, изјави Заев.
Македонија учествува со 25 проценти во гасната централа на природен гас во Александруполи со 800 мегавати, проценетата инвестиција од над 380 милиони евра, во гасниот терминал 10 проценти учество со вредност од околу 370 милиони евра, поддржан проект од ЕУ, кои според планираното треба да бидат пуштени во употреба до 2023 година.
Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД” Скопје и „Елени Асмина Копелозу” и Меморандум за соработка помеѓу Електрани на Македонија „АД ЕСМ” и „Гастрејд” за закуп на капацитет во терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ” и „ДАМКО ЕНЕРЏИ” за стекнување на 25 проценти удел во „Александруполис електрисити продакшан”.
Официјално, нагласи Заев, ја зацврстуваме соработката на полето на енергетика со компании од соседна Грција.
– Нашето вклучување во изградбата на терминалот Александруполи во Грција ќе создаде можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа ќе се дистрибури и пошироко во регионот, изјави Заев.
На настанот за потпишувањето присуствуваат извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос и заменик-претседателот на Гастрејд, Коститс Сифнеос, претставници на американската Амбасада, како и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршен директор на Национални енергетски ресурси – „НЕР АД” Скопје Бајрам Реџепи и претседател на УО и генерален директор на А.Д. Електрани на Македонија – „А.Д ЕСМ” Васко Ковачевски.