
Делегација на Националниот Блок „Не отворам врата“, во состав Ацо Николовски генерален секретар на Единствена Македонија, Исмаил Бојда претседател на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед и Вангел Божиновски претседател на Здружението Македонска преродба, денес оствари средба со претседателот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски.
На средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги запозна претставниците на Националниот Блок „Не отворам врата“ со разговорот што го имаше на тет-а-тет средбата со Зоран Заев во врска со пописот. Делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“ е многу задоволна од средбата со Мицкоски, бидејќи, и покрај силните залагања на марионетската влада да спроведе попис по секоја цена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ успеа да договори одложување на пописот што беше клучно барање и на Националниот Блок „Не отворам врата“.
За денешниот разговор, делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“, вечерва на состанок ќе ги запознае сите 20 организации – членки во Националниот Блок „Не отворам врата“, по што, во недела на прес конференција јавноста ќе биде запозната со заклучоците од состанокот.