
Ако се погледнат документите може да се увиди дека станува збор за многу вистинити патни исправи, луѓето кои ги добиле со украден идентитет, како Седат Пекер, кој е протеран во 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево, а веќе на 27-ми му се издаде лична карта, страшно и денеска го гледаме збунетиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски како седи, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски, во гостување во Алфа ТВ во четвртокот вечерта, истакна дека во врска со аферата „Мафија“, премиерот Зоран Заев и министерот Спасовски требаше да си поднесат оставка уште првиот ден откако беше објавена аферата, затоа што станува збор за „страшен криминал“.
„Ај што се неспособни, ај што се криминогени, се уздисале со криминалци, сега се обидуваат невешто да се бранат, а цела јавност им се смее, на овие луѓе како лоботомија да им е направена, требаше да си поднесат оставки уште дента за колку толку да ја санираат штетата“, оцени Мицкоски.
Потсети на наводите дека во 215 случаи се давани макеоднски државјанства, но дека главното прашање е зошто вакви лица гонети со меѓународни потерници не добивале пасоши од други држави а токму од Македонија.