Нема алтернатива за Македонија освен членството во ЕУ, порача Мицкоски по средбите со Мекалистер, Рангел и Шидер

Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во Еверипската унија, истакнa во вторникот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија (EPP), кога оствари средба со Дејвид Мекалистер, pретседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, но и со Пауло Рангел потпретседател на ЕPP и европратеник од Португалија, како и неформална средба со Андреaс Шидер, европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ со Македонија.

„Државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ“, рекол Мицкоски,

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ додал дека како партија се свесни дека криминалот и корупцијата и отсуството на суштински реформи од страна на актуелната власт предводена од СДСМ создаваат лош впечаток за земјата кај европски партнери.

„Меѓутоа, токму капацитетот на Македонија и потенцијалот кој го имаме како народ се гарант дека можеме преку внатрешни промени во услови на отпочнување на преговорите да ги достигнеме европските вредности и стандарди. Оваа епизода наречена власт на Заев не е вистинската слика за Македонија и затоа на нашите европски пријатели им објаснуваме дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформи и затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме“, истакнал на средбите Мицкоски.

Додал дека лошата власт во државата не треба да биде „непромистлива пречка“на макдонскиот патот кон ЕУ.