
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, е буден, диши без помош и е во општа добра состојба по операцијата на дебелето црево, и се очекува во билницата да остена седум дена, доколку нема никакви комплиакции, соопшти во понеделникот Светата столица.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, во соопштението наведувува дека опеарацијата на 84-годишниот папа во неделата вечерта, којашто ја извеле десетчлен хируршки тим во римската болница „Агостино Гемели“, именуван по лекарот францисканец, траела околу часа.
Хоспитализацијата на понтифот за планираната операција за симптоматска стеноза (дивертикуларна болестна цревата) беше објавено во неделата. Станува збор за состојба во којашто на дебелото црево се формираат вреќички кои избиваат преку ѕидовите на цревото како меурчиња, поради што тоа се стеснува. Освен што предизвикува болка, состојбата којашто е почеста кај постари лица, може да доведе до надуеност, воспаленија и потешкотии во столицата.
Ова е првпат папата Франциск да биде примен во болница откако беше избран во 2013 гоина. Папата само неколку часа пред да замине на операцијата им се обраи во неделата на илјадниците на Плоштадот на свети Петар во текот на неделниот благослов и најави патување во Словачка и во Унгарија во септември.
Папата, исто така, боледува од ишијас, поради која чувствува силни болки од олниот дел на рбот по должината на нервот до нозете. Поради болките, понекогаш тешко се движи и редовно оди на физикална терапија, а од таа причина пропушто неколку настани од почетокот на годинава.