
Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ја забележа втората победа на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон.
По Луксембург пред нас падна и селекцијата на Романија и тоа по една вистинска драма во која се играа дополнителни пет минути. Основниот дел заврши без победник 67-67 што значеше дека ќе има продолжение кое донесе неизвесност и истото беше решено со тројката на Савиќевиќ на четири секунди до крајот.
Лука до овој шут имаше нула од шест за три, меѓутоа кога беше најпотребно беше прецизен и донесе славје од 79-78.
Исајловски со 15 поени беше најдобар стрелец, Димитровски и Наумовски дадоа по 13 кошеви.
Следен наш ривал е селекцијата на Швајцарија.