
Актуелните случувања во земјата и предизвици важни за државата, беа главната тема на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и секретар на партијата Тимчо Муцинскио со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.
Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта, информираат од неговата партија
Мицкоски ја посочил и злоупотребата на тка „европското знаменце“, како што е во случајот на законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана а со кој се штити директно бизнис интереси на врвот на власта.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска за спорот со источниот сосед ја истакнал потребата од прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата.
Мицкоски ја истакнал притоа потребата од реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и уривањето на стандардот.
Соговорниците, како што се истакнува во партиското соопштение за јавноста, ја потврдија заложбата за развивање на соработката и посветеноста кон реализација на стратешките интереси.