
Во Прилеп на пат за настанот каде се промовираат политики на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доживеа сообраќајна незгода, откако непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски. Причинета е помала материјална штета, и нема повредени во сообраќајката, освен помал потрес причинет од ударот на двете возила.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека претседателот Мицкоски се чуствува добро и веднаш после незгодата се обрати на настанот пред прилепчани.