
Членот на бугарско-македонската комисија за историја, проф. Кирил Топалов вели дека Македонија не сака да влезе во ЕУ под изговор дека Бугарија не ја пушта, но истовремено обвинува дека „Белград никогаш нема да ја пушти во ЕУ пред себе, а можеби и Србија, исто така, не сака да се приклучи на Унијата“.
За бТВ, Топалов вели дека Македонија не го почитува Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан пред четири години.
Тој вели дека договорот се уште има тежина, бидејќи тоа е формален договор помеѓу две држави и доколку тие сериозно ги сфатат меѓународните односи, нивната иднина, нивниот народ, треба да биде почитуван.“
Топалов најави дека следниот состанок на заедничката историска комисија треба да се одржи по втората половина на октомври.