
Попладнево на скопскиот аеродром пристигна претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен која ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома, напиша Димитров на социјалните мрежи по пристигнувањето на фон дер Лајен.