Во Израел избрана 86-годишна мис на холокаустот

Салина Штејнфелд на своите 86 години е избрана за мис на холокаустот 2021 година, на несекојдневно натпреварување во Израел.

„Мораме да бидеме силни, да се грижиме за себе и она најважното, меѓусебно да се помагате. Помогнете им на оние на коишто помошта е потребна“, изјави Штејнфилд.

Според соопштението на организаторите, и покрај доцните години Штејнфелд најмалку еднаш седмично ги посетува старите и немоќни лица. Во израелските домови за стари лица се проценува дека во моментов има 175.000 лица кои го преживеале холокаустот во Втората светска војна.

 

Родена е во 1935 година во романскиот град Иаси, каде што живеела со родителите, браќата и бабата, а градот е заземен од нацисите во 1941 година. Во 1948 година се преселила во Израел, се омажила и родила три деца. Денес има седум внуци и 21 правнук.

„Тоа е мојата лична победа над нацистите“, изјави Штејнелд по победата на изборот „Miss Holocaust Survivor“.

На конкурсот се пријавиле неколку стотини кандидатки од кои биле избрани десетте финалистки. Гледачите победничката ја избрале со онлајн гласање.

Целта на ова невообичаено натпреварување за убавина „го развесели хеоините кои го преживеале холокаустот“, соопшто организаторот „Yad Ezer L’Haver“ односно Рака за помош. Учесничките цел ден уживаа во услогите на професионачните шминкери, фризери и стилисти, додаваат.