ВИДЕО| Папата Франциск се врати на Лезбос за да се сретне со мигрантите

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францискво неделата повторно ќе го посети грчкиот остров Лезбос придружуван од  грчката претседателка Катерина Сакеларопулу каде ќе го посети бегалскиот камп.

Папата, кој ја искористи својата сегашна турнеја по источен Медитеран за да укаже на положбата на мигрантите ибегалците, го посети Лезбос во април 2016 година, кога сѐ уште постоеше пренатрупаниот камп „Мориа“ во кој се случија неколку тешки инциденти. Тогаш таму се сретна со патријархото Константинополски Вартоломеј и архиопископот Атински и на цела Грција Иероним.

Тогаш Папата поведе со себе во Рим три сириски бегалски семејства. Папата договори и 50 мигранти од Кипар да бидат релоцирани во Италија по неговата посета оваа седмица.

Кампот веројатно беше намерно запален и изгоре во 2020 година, па така Франциск ќе се сретне со мигрантите во нивното привремено сместување.

Авионот со понтифот слета на аеродромот во Митилена, каде што беше пречекан и од митрополитот Митилин Јаков, а посетата директно ја пренесува јавната телевизија ERT.

Папата Франциск во рамките на својата турнеја го посети и Кипар, каде што во вдахновен говор во петокот ги осуди актуелните мигрантски кризи.