Предвремените избори се решение за разорениот систем во земјата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Во ситуација кога во земјата е разорен системот а институции на колена, мора да се преземе нешто, односно дека предвремените избори се единствено решение, оцени во вторникот вечерта претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на  на гостувањето на МТВ.

Мицкоски посочи дека опозицијата во Собранието успеа да се соберат 61 глас, но оти е познат епилогот со повлекувањето на пратеникот и подоцна пратеничката група на Алтернатива. Но според него, доколку власта имаше мнозинство што не влезе во собраниската сала и како што рече ќе имавме дебата, но тоа е нивна работа.

Ако би било лесно не би биле ние, би било неодговорно ако гледате дека државата оди во погрешна насока, власта нема стратегија, тогаш единствено ни останува како општествено одговорна партија да понудиме решенија“, рече Мицкоски.

Оцени дека е потребна влада којашто може да се справи со предизвиците, да ги решава проблемите и  да се справува со надворешните влијанија. Оттука, додаде Мицкоски, треба да се врати вербата во институциите.

„Ние трпевме критики кога ни велеа зошто молчите, не преземате чекори. Тоа беше така за да не бидеме прогласени за деструктивни и бевме трпеливи, ги примивме ударите“, посочи Мицкоски