
Македонската машка ракометна сениорска репрезентација славеше над Кувајт и во вториот тест на подготовките во Маврово.
За разлика од пред два дена коа славевме со 31-21 приказната беше сосема спротивна и дури во самата завршница се изборивме за тесен триумф од 22-21.
Ѓоргиев даде шест гола, Костески и Маџовски по четири, голманот Томовско собра осум интервенции.
Нашите ракометари вториот дел од подготовките за ЕП ќе ги одработат во Скопје каде и ќе одиграат две пријателски средби против Израел на 3 и 4 јануари.