
Министерството за внатрешни работи предводено од Оливер Спасовски дало половина милион евра на претпријатеи за камионски транспорт, на тендер за соларни панели за топла вода и инсталација истите на полициски објекти, а станува збор за „Дон Холдинг“, мала фирма од скопската населба Хром, добро позната на СДСМ со набавките во Општина Ѓорче Петров, каде се прослави со набавка на две машини за перење од 25.500 евра а за што нема истрага од МВР, нема истрага од институциите, потсети во неделата Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Стоилоковски, министерството во саботата со својот демант на неговото претходно обелоденување на сомнителната набавка само го потврдила скандалот, со тоа што соопшти дека споменатата фирма и во септември лани го добила истиот тендер но тогаш бил поништен, па годинава во јануари бил повторен.
„Значи, во септември малата фирма за товарен транспорт добила тендер од 500.000 евра од МВР за соларни панели, тендерот е поништен, па повторен сега и повторно истата фирма добива половина милион евра“, констатираше Стоилковски.
Посочи дека постои уште еден факт на поврзаност меѓу владејачката СДСМ, министерот за внатрешни работи од оваа партија Оливер Спасовски и неговото министерство со компанијата „Дон Холдинг“ чиј сопственик е извесен Слободан Настовски.
„МВР на Спасовски на Дон Холдинг, фирмата за камионски транспорт, во октомври само еден месец по септември кога бил поништен тендерот, и два месеца пред повторениот во јануари на Дон Холдинг му доделува тендер од 480.000 евра. Овојпат фирмата за камионски транспорт, е ангажирана за водоинсталатерски и канализациски работи во МВР. Договорот е направен на 13-ти октомври. Фирма за камионски транспорт добива тендер пред фирма специјализирана за водоводни и канализациски работи со 15 годишно искуство“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски посочи дека поради тоа се поставува прашањето како е можно фирма која како главна дејност е регистрирана за транспорт, и тоа товарен камионски транспорт и со вработено едно лице да добива два тендера од по половина милион евра од МВР за соларни панели и за водоводни и канализациски изведувања!?
Според кои критериуми, додаде Стоилковски, се воделе во МВР па за соларни панели за топла вода, како и за водоинсталатерски работи, да изберат фирма за товарен камионски транспорт, и да ѝ доделат два тендери во рок од три месеца во вркупна вредност од милион евра.
„Секако не помалку важно прашање е како токму МВР на тендери вредни милион евра неколкукратно да избира фирма којашто беше замешана во тежок коруптивен скандал повторно со повторно со тендери со набавки на две машини за перење со вкупна вредност од 25.500 евра, договор тендер од градинка во општина Ѓорче Петров? Да сумираме: МВР на Спасовски на мала фирма за товарен транспорт, фирма поврзана со скандал со набавка на две машини за перење од 25.500 евра за Ѓорче Петров, и дава два тендери во вредност од 1.000.000 евра“, констатиреш Столковски.
Сумираше дека МВР мала фирма за товарен транспорт и поврзана со скандал со набавка на две машини за перење од 25.500 евра за Ѓорче Петров, и дава два тендера во вредност од милиони евра.
Посочи дека половина милион евра тендер од МВР за соларни панели со фирмата за камионски транспорт при што е отфрлена понудата на специјализирана фирма со 20 годишно искуство, а потоа МВР дава нови половина милион евра на тендер за водовод и канализација со истата фирма за камионски транспорт, при што отпаѓа специјализирана фирма со 15 годишно искуство.
„Истата фирма за камионски транспорт пред неполни половина година е вмешана во коруптивен криминоген скандал со општина водена од кадар на СДСМ! Тендер за две машини за перење тежок 25.500 евра. МВР на Спасовски наместо истрага доделува еден милион евра од буџетот. Со два тендера, МВР дава 1.000.000 евра од буџет наместо истрага за скандалот со машините за перење! Оливер Спасовски СДСМ и ДУИ вака ја замислуваат борбата со корупцијата“, заклучи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот запраша дали министерот Спасовски и владејачките СДСМ и ДУИ вака ја замислуваат борбата со корупцијата и ги повика Јвните обвинители да „излезат од сенката на политиката“ и да отворат предмет за овој случај.