
Македонската фудбалска репрезентација останува на 67. позиција на ФИФА ранкингот и во текот на февруари.
Светската фудбалска федерација денеска го објави новиот ранкинг, а период без настапи значеше и задржување на истата позиција на нашата најдобра фудбалска селекција.
Нема поголеми промени ниту на врвот, каде лидер е Белгија, пред Бразил и Франција, а единственото важно придвижување е тоа на Аргентина, која сега е четврта и ја истисна Англија на петтото место.
Во Топ 10 се уште и Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.
Најмногу промени има кај селекциите од Јужна и Средна Америка, Азија и Африка, бидејќи таму изминатиов период се играа квалификациски натпревари.