Ковачки: Македонија мора да развива и сопствени капацитети за одбрана од воздух, а не да ги уништува

„Денешниот пад на странско беспилотно летало (не знаеме дали е украинско или руско) во Хрватска уште еднаш докажува дека без разлика на цената, Македонија мора да развива и сопствени капацитети за одбрана од воздух, а не истите да ги уништува и да се базира исклучиво на надворешна помош“, вели полковникот Драган Ковачки, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„За разградувањето на одбрамбениот капацитет на државата директно е одговорна Владата на СДСМ и нивните министри за одбрана кои повеќе сакаат да се сликаат отколку да се зафатат со Уставните и законските обврски“.

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/350859470383216