
По препорака на Владата, Македонски Телеком го прекина реемитувањето на „Раша Тудеј“.
-Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, известува Македонски телеком, доколку корисниците се обидат да го пронајдат каналот.
Прекинот на реемитување на Раша тудеј е случај во сите земји од ЕУ. Членките на Унијата го забранија емитување на Раша Тудеј и Сутник.