
Правилото победник со победник заврши оној момент откако Али Ахмети одлучи да направи влада со Зоран Заев. Тоа правило тука заврши и е веќе категорија која е во историјата на македонската политика. Никој нема ниту морално, ниту суштинско право да го поставува тоа барање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клик плус“ на ТВ21 потенцирајќи ДУИ треба да оди во опозиција.
Мицкоски истакна дека формирањето на влада треба да се води според програма и така да се бираат политичките партнери, бидејќи потребно е зрело однесување и рационално носење на вистински преоценки за политичките потези.
– Не е прашање на чест, туку прашањето на Устав за формирање на влада. За жал во политиката Уставот е тој е кој е пред и над се, рече Мицкоски.
Во врска со прашањето по Бадентер, Мицкоски истакна дека тоа е во Уставот и дека ако сакате да имате успешни реформи и владеење мора тоа правило да биде испочитувано.
-Таков е Уставот и затоа ако сакате да бидете успешни во политиките морате да водите сметка и во таа насока да дејствувате. Во Совет на Град Скопје имаме коалиција со Алијанса за Албанците, која има помалку од ДУИ, и имаме начин како тоа правило на Бадентер да го почитуваме преку другите етникуми застапени во советот, нагласи Мицкоски.
Тој порача дека политиките мора да се носат зрело и одговорно бидејќи со такви потези ќе одат напред и државата и народот.