
Италија вторпат по ред нема да игра на едно Светско првенство, откако го пропушти и тоа во 2018 година во Русија, што е трагедија на Апенините, а тешко таа елиминација ја прифати и Инфантино.
„Да бидам искрен, како фудбалски фан ми се плаче што Италија нема да игра на Мундијалот. За сите Италијанци тоа е многу тажно, ова е втор Мундијал по ред на кој нема да играат. Дури и ако се пласираат на следното светско првенство, тоа ќе значи дека ќе играат Светско првенство после 12 години, што секако е голем шок за таква велесила. Но, таков е фудбалот. Македонија покажа зошто е толку убава фудбалот. На СП играат 32 селекции, на секои четири години и така е засега, а за понатаму – ќе видиме“, рече Инфантино.