
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вторникот оствари средба со шефот на Австриската дипломатија, Александер Шаленберг на која се разговарало за актуелната политичко економска состојба и евроинтеграциските процеси на Република Македонија.
Воедно, како што се посочува во известувањето од партијата, Мицкоски посочил дека Македонија треба да биде дел од големото европско семејство. Спроведувањето на реформи и борбата против корупцијата мора да биде полето каде ќе се вложи најголема енергија.
„Воедно активната блокада е последица на животот во националната катастрофа во Македонија“, било заклучено од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.