
Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на Бугарија Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата со преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, пренесува БГНЕС.
Петков во видео-обраќање вели дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и усогласеност со коалицискиот договор на владејачката коалиција во земјата.
„Во Советодавниот совет за национална безбедност треба да учествуваат сите партии, сите служби и претседателската институција. МНР ќе поднесе извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија. За овој извештај следната недела ќе се расправа на редовниот коалициски совет“, истакна Петков.
Бугарскиот премиер потврди дека Владата нема да направи ништо врз основа на надворешен притисок и пред целосно разбирање на ниво на коалициски совет, длабока дискусија во Консултативниот совет за национална безбедност и јасен и потврден став на највисокото тело во бугарскиот парламент.
„Само Народното собрание го има конечниот легитимен мандат на тема Северна Македонија и тоа мора да биде апсолутно јасно за целото бугарско општество и за нашите надворешни партнери“, зкалучи Петков.