
Најмалку 13 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, соопшти денеска државната телевизија Ириб.
ДПА го пренесува портпаролот на националниот желенички оператотор кој соопшти дека 50-тина други патници се повредени во несреќата што се случи во близина на градот Табас.
Тој кажа дека возот сообраќал меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и дека се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем.
Засега остануваат нејасни причините за излетувањето на возот од шините.