9.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Македонија со Миовски, Елмас и Чурлинов ќе го нападне Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација, попладнево на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, го дочекува Гибралтар во 4 коло од новата сезона во Лигата на нации.

Поради повреда во составот на Благоја Милевски недостигаат повеќе играчи меѓу кои е и Александар Трајковски.

Денеска Тодоровски ја доби улогата на десен бек, Зајков заедно со Кире Ристевски и Серафимов ќе играат на стоперската позиција а лево е Алиоски.

Во средината се Барди и Николов, заедно со Елмас и Чурлинов а напред е Миовски, ќе брани Шишковски.