
Литар гориво во Германија чини само 6 евро-центи повеќе отколку во Македонија. И покрај тоа што Германците земаат за неколку пати повисоки плати од македонските, горивото е речиси со иста цена како и во Македонија.
Според анализата на Радио Слободна Европа, најскапо гориво во регионот има Албанија, по што следи Косово. Македонија и Србија имаат речи си исти цени на дизелот, но бензинот во Србија е значително поевтин, околу 10 денари по литар. Најевтини горива во моментов има Црна Гора.