
Службите не постапувале по пријавите за ликвидација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече вечерва на вонредната прес-конференција Христијан Мицкоски, откако претходно на социјалните мрежи објави сека сакале да го убијат.
„Сѐ што сум добивал како закани сум ги пријавил таму каде што треба. Пратеници задолжени за надзор на службите беа да видат дали се постапува. Не постапуваат. Нема повратно ништо. Не постапуваат. Немам обезбедување од МВР, обезбедувањето ми е укинато. Немам намера ни да го прифатам ако ми биде понуден. Нормално е дека сум загрижен. Страв имам од едно, а тоа е од Господ. Такви нема на земјата“, појасни Мицкоски.