
Леденото кафуле „Ајс паб“ во центарот на чешкиот главен град Прага нуди кусо бегство, од горештините, во – „арктички услови“ за престој.
Пабот, на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост, служи коктели на база на вотка во чаши направени од мраз… А, и мебелот и украсите исто така се направени од мраз.
Температурата внатре е околу -7 Целзиусови степени, па на посетителите им се нудат и капути и ракавици, а посетите се ограничени на помалку од половина час.
Тука се служело и пиво, но тоа престанало бидејќи славината за точење, постојано мрзнела.