
Во Куманово вечер во 20 часот во Занаетчискиот дом ќе почне тридневниот „Џез фестивал“, информираа денеска организаторите, Институтот за наука, уметност, култура и спорт (ИНУКС).
Годинава фестивалот, кој се одржува по шести пат, ќе трае три вечери, од 13 до 15 септември, а ќе учествуваат Георги Шарески со Марко Јовановиќ, а потоа следува „Ајс квартет“. Втората вечер ќе настапат „Соул Фанкшн“ и Александра Коцевска Трио. Фестивалот ќе го затворат Сашо Поповски трио заедно со Кирил Кузманов и Марија Џез квартет.
– Влезот е слободен за сите вечери. Ги покануваме љубителите на џезот да уживаат и да го проследат фестивалот, изјави уметничкиот директор Филип Стевановски.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и општина Куманово.