
Македонската фудбалска репрезентација, откако утринава тренираше во Скопје, попладнево со чартер-лет замина за Тбилиси на дуел против Грузија во рамки на Лигата на нации.
Македонските фудбалери му гостуваат на лидерот во групата 3 од Ц-Дивизијата во ослабен состав без неколкумина стандардни фудбалери, вклучувајќи ги капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов.
Натпреварот во Тбилиси се игра в петок со почеток во 18 часот.
Својот настап во Лигата на нации, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го завршат в понеделник во Скопје против Бугарија.
На табелата води Грузија со 10 бодови, пред Македонија (7), Бугарија (3) и Гибралтар (1).